vodasednicakosel

Ќе се решава проблемот со загаденоста на водата во селските водоводи

Охрид, 20. март 2018 (ИНПРЕС) – Решавањето на проблемот со загаденоста на водата во селските водоводи, беше тема на средбата со претставниците на месните заедници од коселското подрачје.

– На средбата на која присуствуваа претставници на Локалната самоуправа, Центарот за јавно здравје, МЈП „Проаква-РЕ Водовод-Охрид“ и Дирекцијата за храна и ветеринарство, беше речено дека проблемот мора итно да се реши бидејќи испитувањата на водата од селските водоводи покажуваат дека таа не е исправна за употреба, информираат од Општина Охрид.

Заеднички било договорено во наредниве денови месните заедници да направат анализа на бројот на домаќинствата кои се приклучени на водоводите, каква е состојбата со броилата и наоѓање решенија за хлорирање на водата и можното одржување на мрежите од страна на МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ – Охрид. Какви ќе бидат решенијата ќе се знае по средбите со жителите на населените места од коселското подрачје кои треба да се одржат во текот на оваа и идната недела. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest