centarzasocijalniraboti-640x360

Во Охрид има 3 619 активни баратели на работа

Охрид, 20. март 2018 (ИНПРЕС) – Во Охрид се евидентирани вкупно 6573 невработени лица.

Од нив, 3 619 се водат како активни баратели на работа, вели директорката на Центарот за вработување во Охрид, Маја Ташева Биткоска. Периодов забележан е пораст на невработеноста, како резултат на новопријавените лица по основ на Законот за материјално обезбедување.

Во насока на зголемување на вработеноста на населението, од Агенцијата за вработување излегоа со новитети во активните мерки. Со оперативниот план за програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот се дава шанса на сите категории невработени лица, преку мерки за самовработување, обуки за стекнување на нови вештини, поддршка на работодавачите.

Во моментов се активни, а ќе бидат отворени до крајот на оваа година, обуките на работно место за познат работодавач, како и за побарувани занимања и занаети. Јавниот оглас за обука за напредни ИТ вештини ќе биде отворен до 30-ти април. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest