nikolabakraceskiopsta

Д-р Бакрачески ќе работи во струмичката болница

Охрид, 21. март 2018 (ИНПРЕС) – Д-р Никола Бакрачески од Заводот за кардиоваскуларни заболувања од Охрид ќе работи во струмичката болница на одделот за интервентна кардиологија. Ќе доаѓа неколку дена неделно во Струмица за да врши стентирање при акутен инфаркт и коронографии на крвните садови.

На тој начин, повторно ќе се реактивира aнгиосалата во струмичката болница, каде своевремно доаѓаа каридолози од Србија. Бакарачески, кој изврши неколку интервенции, потврди дека ќе работи во струмичката болница врз основа на договорот за соработка меѓу оваа болница и охридскиот Завод.

– Овој договор предвидува наш повремен престој во струмичката болница, за дијагностика и третман на коронографски артериски болести на пациентите од Југоистокот, со персоналот кој работи на одделот за интервентна кардиологија вклучувајки ги специјалистите интернисти кои во наредниот период ќе се едуцираат, кажа Бакрачески, кој смета дека ангиосалата во струмичката болница ги има сите предуслови за да биде кардиоинтервентен центар во Југоистокот. (Крај)

извор: СДК фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest