kokainvrekicka

Во Грција запленети 23 килограми кокаин

Атина, 21. март 2018 (ИНПРЕС) – Во соработка со припадниците на Министерството за внатрешни работи на Србија, грчката полиција и американската агенција ДЕА, на територијата на Грција спроведоа акција во која се уапсени повеќе лица, соопшти српското МВР.

Меѓу уапсените повеќето се српски државјани, а во акцијата се запленети 23 килограми кокаин, со висок квалитет, јави Танјуг.

Вредноста на запленетите наркотици изнесува околу милион евра, се наведува во соопштението. (Крај)

извор: МИА фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest