ohridkaneo

Десет години успешна работа на на Здружението на ветераните од одбраната и безбедноста во Охрид

Охрид, 22. март 2018 (ИНПРЕС) – Општинската организација на Здружението на ветераните од одбраната и безбедноста на Република Македонија, на 24-ти март, во форма на „Езерска средба“ на ветераните од Македонија, Албанија, Бугарија и Србија, ќе ја одбележи 10 годишнината од своето успешно делување во Охрид, во земјата – како најмасовна и најактивна, но и со активности на меѓунарден план.

– Настанот е во соработка со локалната самоуправа од Охрид и под покровителство на градоначалникот, професор д-р Јован Стојаноски. Општинската организација на ветераните во Охрид, делува како матица на собирање на ветераните од Западна Македонија, бидејќи тука е инкорпорирана активноста на ветераните од Струга, Ресен, Дебар, Ростуше и Маврови Анови. Како таков, огранокот е со најбројно членство – повеќе од 200 регистрирани. Покровителот на манифестацијата, градоначалникот Стојаноски, по тој повод, одвоено ги покани градоначалниците на градовите околу Охридското и Преспанското Езеро, информираат организаторите.

Деталите ќе бидат соопштени на прес конференција која ќе се одржи денес со почеток во 11:00 часот во Општина Охрид. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest