veteraniodbranaohrid

Размена на искуства и унапредување на соработката со Албанија, Бугарија и Србија во фокусот на „Езерската средба“ на ветераните од одбраната

Охрид, 22. март 2018 (ИНПРЕС) – Со „Езерска средба“ на ветераните од Македонија, Албанија, Бугарија и Србија во сабота ќе биде одбележана една деценија од делувањето на Здружението на ветераните од одбраната и безбедноста во Охрид, како најмасовна и најактивна општинска организација, со активности на меѓународен план.

Општинската организација ги опфаќа сите населени места кои гравитираат во околината на Охрид, ги опфаќа ветераните од Струга, Ресен, Дебар, па се до Тетово, а во неа членуваат повеќе од 200 регистирани лица, вели претседателот на охридскиот огранок, Добре Вељаноски.

– Имаме поптпишано спогодби за соработка со нашите сродни здруженија од Албанија, Бугарија и Србија. Па на нашата свеченост од Бугарија ќе присуствуваат претставници на партнерски асоцијации од Софија, Ќустендил и Дупница. Од Албанија, од Тирана, Пешкопеја, Елбасан, Поградец, Корча и Берат – градот со историски врски со Охрид. Присуството на претставниците од овој град, кој е под патронат на УНЕСКО, ќе биде искористено за потпишување на официјална Повелба за соработка. Од Србија пак, ќе има претставници од Врање, рече Вељаноски.

Дружење, запознавање, размена на искуства од областите кои ги покриваме, како и унапредување на соработката ќе бидат главните темели на свеченоста.

Во сабота активностите почнуваат од 09:00 часот со спортски игри и натпревари. Од 11:00 до 13:00 предвидена е  посета на културно – историските знаменитости во старото градски јадро. Од 14:00 е свечената седница. Ќе бидат доделени дипломи, благодарници и признанија на соработници, гости и заслужни членови на асоцијациите на ветераните.

Покровител на „Езерската средба“ е градоначалникот Јован Стојаноски, кој ги покани своите колеги, градоначалниците на градовите околу Охридското и Преспанското езеро.

„Езерската средба“ се поклопи со одбележувањето една деценија од постоењето на охридскиот огранок на Здружението на ветераните од одбраната и безбедноста и убедени сме дека ќе отвори нови можности за соработка и промоција на нашиот Охрид во овој регион, истакна секретарот на општина Охрид, Игор Бежоски.

igorbezoski
– Тоа од своја страна за нас како општина ќе биде одлична можност да разговараме за досегашната соработка која ја имаме со нив и да видиме како во иднина можеме да настапуваме заеднички проекти и да ги користиме европските фондови кои се доделуваат за општините. Јасно е дека повеќе средства се доделуваат на општини кои меѓусебе се поврзани, многу е полесно добивањето грант, потенцира Бежоски и се надева дека оваа манифестација ќе прерасне во традиционална и ќе ги поттикне гостите да организирааат слични настани и во своите места.

Здружението на ветераните од одбраната и безбедноста на Република Македонија  постои и работи од 2001 година. Во својот состав има 13 ограноци. Ова здружение кое брои околу 1400 членови  е мултинационално, мултиетничко и така и функционира, потенцира претседателот Филип Котели. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest