Missing image

Прегазен пешак во Велес

Велес, 28. септември 2014 (ИНПРЕС) – На улицата „Нада Бутникошарева“ во Велес, вчреа се случи сообраќајна незгода во која животот го изгуби едно лице.

Во незгодата учествувале товарно моторно возило „Фиат Дукато“ со велешки регистарски ознаки, управувано од страна на 42-годишниот А.Б., кој возејќи наназад удрил во пешакот Богдан Ј.(83) од Велес кој починал на местото на настанот.

Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош. По наредба  на Јавен обвинител, телото на починатиот е пренесено во Институтот за судска медицина – Скопје за обдукција. (Крај)

извор: МВР фото: архива