igorbezoskikorner1

Бежоски: Работиме на решавање на големите проблеми – колекторот, гасификација, катни гаражи, уредување на кејот

Охрид, 28. март 2018 (ИНПРЕС) – Едноставен, одговорен, сосема свесен за функцијата која ја извршува, но во исто време приземен и интересен соговорник. За да добиеме одговори на прашањата помеѓу одговорната функција, пријателите, семејството и пасијата по виното, денес во „Радио Корнер“ на Супер радио разговаравме со Игор Бежоски, Секретар на Општина Охрид.

Супер радио: Оженет сте и татко на две деца. Функцијата која ја обавувате сама по себе носи многу обврски. Имате ли разбирање од семејството за обемните обврски кои често ви крадат и од слободното време?

Бежоски: Функцијата секретар на Општина Охрид бара голем ангажман и точно е дека одзема голем дел и од слободното време. Секојдневно со градоначалникот и неговиот тим сме на работа повеќе од 10 часа дневно, често и викенд деновите носат работни обврски, што секако се одразува и на семејниот живот. На почетокот мојот син знаеше да ми забележи дека останувам на работа подолго или да се налути што некои викенди за мене се работни. Јас ги разбирам и мојата сопруга и децата, природно е тие да сакаат да имаме заеднички активности, но и тие имаат разбирање за тоа што понекогаш не ми се знае работното време. Баланс мора да има и среќен сум што имаме меѓусебно разбирање за моето професионлно динамично животно темпо. Сепак граѓаните бараат од нас да работиме со полн капациетет и да им излеземе во пресрет на барањата и проблемите кои ги имаат, исто така мора да сум целосно достапен и на вработените во општината.

igorbezoskisemejnaСупер радио: Како Ви почнува еден обичен работен ден? Со кого го пиете првото утринско кафе?

Бежоски: Со оглед на тоа дека имам две малолетни деца, со самиот почеток на денот мора да се погрижам околу нештата што им се потребни пред да заминат на училиште,  бидејќи сопругата оди на работа малку порано од мене. Тие не се веќе мали, можат и самостојно да се подготват, но јас сакам секогаш да им помогнам околу било што. Со самото пристигнувасње на работа, додека не станав секретар, утриснкото кафе со задоволство го пиев во колегите од моето одделение од секторот за финансиски прашања и тоа навистина ми беше ритуал. Меѓутоа сега многу често знам и да го прескокнам првото кафе, бидејќи често кога ќе стигнам на работа ме чекаат граѓани на кои мора да им посветам внимание, па првото утринско кафе често станува прво пладневно кафе.

Супер радио: Како би му го опишале Охрид на некој кој никогаш не бил тука?

Бежоски: Да се зборува за Охрид истовремено е и многу лесно и многу тешко. Некои градови располагаат со културни знаменитости, некои со историски, некои со природни убавини, меѓутоа нашиот Охрид располага со сето тоа истовремено. Охридското Езеро е едно од најстарите, најдалабоките природни езера во Европа. Не само за нас охриѓани, туку за сите кои барем еднаш биле тука за Охрид велат дека е навистина посебен град. Како што кажува старото име на градот или Лихнид, Охрид е град на светлината. Низ историјата нашиот град бил центар на христијанстово, на византиската култура, не бадијала е познат како Балкански Еуросалим. Она што меѓу другото го прави уникатен, а го забележал и познатиот патеписец Евлија Челебија, е тоа што имало 365 цркви, за секој ден по една. Имаме премногу историски споменици, како Античкиот театар, како Самоиловата тврдина, Саат кулата, Црквата Св. Софија, црквата Св Јован Канео, која е една од најфотографираните цркви не само во Република Макеоднија, туку на Балканот. Покрај историските знаменитоски Охрид е богат и со културни манифестации од светски калибар, каков што е фестивалот Охридско лето, Балканскиот фестивал итн.

igorbezoskikorner2Супер радио: Покрај тоа што сакаме да Ве запознаеме каков како човек, би сакале да дознаеме нешто и од Вашиот професионален живот. По професија сте економист, магистер по туризам, од кога сте дел од Општина Охрид? Како се развиваше Вашата кариера?

Бежоски: Во Општина Охрид сум од 2006 година. Претходно работев во „Отекс“, фирма која за жал ја снајде судбината како и многу други во периодот на транзицијата. Откако се вработив во Општина Охрид ги поминав сите скалила, почнувајќи од виш соработик за финансии и буџет, потоа бев одговорен сметководител, односно советник, бев раководител на одделението за јавни набавки, а на позицијата секретар стигнав преку претходната позиција, односно бев раководител на сметководство и плаќања.

igorbezoskikorner4Супер радио: Може ли да ни најавите во каква насока ќе се развива градот, пред се` во поглед на крупните капитални инвестиции? Имате ли поддршка за нив од централната власт?

Бежоски: Имаме поддршка од централната власт, редовно одржуваме контакти и состаноци со ресорние министерства. Овој месец одржавме средба на највисоко ниво, со Владата на Република Макеодонија, каде разговаравме во врска со поддршката за повеќе крупни капитални проекти во Охрид, како што е колекторот и проблемот со излевање на фекалии, односно онаму каде што мора најитно да се реагира. Бараме начин овие базични проблеми што поскоро да ги решиме. Друг значаен проект кој го сместуваме помеѓу најитните е гасификацијата на Охрид. Во врска со тоа, веќе одржуваме работни состаноци со советникот за енергетика на Премиерот на Република Македонија Зоран Заев. Работиме на тоа уште во текот на оваа година да почне изградбата на првиот дел од инфраструктурата за гасификација. Поради обемноста на проектот, гасификацијата ќе оди во повеќе фази и за комплетната финализација ќе бидат потребни повеќе години. Иста така значаен проект е уредувањето на кејот. Неодамна со невремето кое го погоди Охрид се увиде потребата кејот целосно да се реновира. Паркирањето е исто така проблем во централното градско подрачје, затоа сметаме дека е нужно да се изградат катни гаражи. Исто така голем значаен проект е и преотстапување на охридската касарна на Општина Охрид, по што голем дел од градските објекти би ги сместиле во Касарната, со што би се ослободиле атрактивни локации за развој на туризмот.

igorbezoskikorner3Супер радио: Од она што успеав да го дознам за Вас е дека ќе си отвориме добра тема за муабет ако зборуваме за виното и винската култура.

Бежоски: Пасиониран љубител сум на виното и винската култура. Имам големо друштво со кое ја делиме истата пасија и заеднички посетуваме вински настани во и надвор од Република Макеоднија. Јас дури и си произведувам сопствено семејено вино, по сопствен вкус и рецептура и неговото правење ми причинува особено задоволство, не само консумацијата, туку целиот процес на подготовка. Тоа е тоа што ме релаксира, нешто како хоби.

igorbezoskivinoСупер радио: Пред крај на разговорот, може ли да се навратите малку наназад и да не потсетите на ноќниот живот од Вашето време. Кои места во Охрид беа „ин“ за излегување тогаш, каква музика беше тогаш актуелна?

Бежоски: Музиката која се слушаше низ локалите во наше време би рекол дека беше сосема различна од денешната. Тогаш повеќе слушавме рок, поп, поп-рок музика, а многу актуелна беше и диско музиката. Имаше неколку култни локали каде излегувавме, кои за жал денеска не постојат, како на пример дискотеката „Палас“, потоа „Мажестик“. Сепак секое време, со промена на генерациите си носи и свои промени, така било и така и ќе остане.

bistrocorner1

Емисијата „Радио Корнер“ се емитува секој работен ден од 12:00 до 14:00 во живо од Бистро „Корнер“. Водител е Александра Алексијевска. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest