nikola_stand

Стенд ап шоу на Никола Тодороски на Денот на шегата

Охрид, 29. март 2018 (ИНПРЕС) – Ново стенд ап шоу со Никола Тодороски во клубот Џез Ин.

Нашиот познат актер и стенд ап комичар подготви соло шоу, кое го наслови Artificial intelligence natural stupidity.

Како и секогаш, ветува многу смеење и забава. За загревање на атмисферата ќе се погрижи Зоран Донев.

Шоуто ќе се одржи во недела, на Денот на шегата, 1-ви април, со почеток во 21:00 часот. Вратите ќе бидат отворени од 20:30 часот. Билетите се продаваат во музичката продавница ЗЗ Топ. Во претпродажба се продаваат по цена од 150 денари, а на денот на шоуто ќе чинат 200 денари. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest