Кривична за вработен во ЈП „Македонски шуми“

Охрид, 29. март 2018 (ИНПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 33-годишниот Г.В. од селото Лешани, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

– Во периодот од 23-ти февруари 2016-та до 27-ми август 2017 година пријавениот, како референт за превоз во Јавното претпријатие „Македонски шуми“ – ПШС „Галичица“ – Охрид, на транспортерите на огревно дрво од сечата на шума во сопственост на Македонската православна црква им овозможил да превезуваат поголема количина на дрвна маса од количината што била наведена во одобренијата за испорака. Во наведениот период биле испорачани 105 кубни метри огревно дрво повеќе од дозволената количина. На тој начин пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 231.913 денари на штета на МПЦ, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива