tepacka1

Кривична за охриѓанец кој претепал вработен во угостителски објект

Охрид, 2. април 2018 (ИНПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 46-годишниот Ч.Ќ. од Охрид за сторенo кривично дело „тешка телесна повреда“.

– Инцидентот се случил во угостителски објект на улицата „Кузман Јосифовски Питу“ во Охрид, каде по претходна вербална расправија за направената сметка, пријавениот физички нападнал 40-годишно лице, кое било вработено во угостителскиот објект, при што му нанел тешки телесни повреди, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: МВР фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest