youtube

Идентификувана жената која го изврши нападот во централата на Youtube

Калифорнија, 4. март 2018 (ИНПРЕС) – Американските власти ја идентификуваа жената осомничена за пукањето во централата на Youtube во Сан Бруно во Калифорнија, јавија американски медиуми повикувајќи се на анонимни извори.

Станува збор за Насим Агдам (39), која живеела во градот Риверсајд, а потоа во Сан Диего.

Жената го познавала еден од ранетите во нападот. Станува збор за маж кој веројатно бил цел на нејзиниот напад. Тој е со прострелни рани и е во критична состојба во болница во Сан Франциско. Ранетиот е на возраст од 36 години.

Во нападот ранети се две жени на возраст од 32 и 26 години. Полицијата смета дека тие не биле цел на нападот и оти причина за пукањето е домашна расправија.

Жената била вооружена со пиштол и се самоубила. (Крај)

извор: МИА фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest