soobrakajkontrola-640x360

Полициски службеници физички нападнати при контрола на возило во Струга

Струга, 4. април 2018 (ИНПРЕС) – Двајца полициски службенали биле вербално и физички нападнати, при вршење на сообраќајна контрола, вчера, околу 03:40 часот, на улицата „Пролетерски Бригади“ во Струга.

– Полициските службеници сопреле патничко моторно возило со скопски регистерски таблици. На лицата во возилото им биле побарани документи за идентификација. По утврдениот идентитет на лицата, Н.И.(23) и В.Ј.(24), двајцата од Скопје, од страна на полициските службеници бил констатиран сообраќаен прекршок односно Н.И. како возач почетник не смеел да го управува возило по 23:00 часот. Откако едниот полициски службеник му кажал дека ќе му биде издаден мандатен налог, Н.И. почнал вербално да го навредува со погрдни зборови, му упатувал закани по животот, а потоа и физички го нападнал. Н.И. бил приведен во Полициската станица Струга за понатамошна постапка. За настанот бил известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство-Струга. Се работи на целосно расчистување на случајот, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest