nasilstvo1-640x358

Охриѓанец ја нападнал сопругата и нејзиното семејство

Охрид, 10. април 2018 (ИНПРЕС)- Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „насилство” и „неизвршување на судска одлука”, СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против С.И.(36) од Охрид.

Пријавениот, казненото дело го сторил на 26-ти минатиот месец во селото Долно Лакочереј. Тој, спротивно на решението од Основниот суд- Охрид со кое му се забранува вршење семејно насилство, околу 14:30 часот, насилно влегол во домот на родителите од неговата сопруга и започнал да ја влече, викајќи и на висок тон. Потоа, физички ги нападнал и нејзината сестра и таткото, удирајќи ги со тупаници во пределот на главата и вратот. Потоа, пријавениот со камен го скршил задното стакло од патнички автомобил „Југо“ по што, насилно го одзел нивниот малолетен син.

Со извршувањето на казненото дело, пријавениот не постапил по правосилна одлука на судот а со извршеното грубо насилството, кај оштетените предизвикал чувството на страв и несигурност. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest