RacaGriorPrlicev2-640x360

Ќе се отвора Центар за ран детски развој во Рача

Охрид, 11. април 2018 (ИНПРЕС) – Ќе се отвора Центар за ран детски развој во населбата Рача.

Општина Охрид го објави јавниот оглас за адаптирање на простор од околу 60 м² во подрачното училиште на ОУ „Григор Прличев“.

Рокот за доставување на понудите е до 20-ти април до 12:00 часот. Евалуација на понудите ќе се врши истиот ден.

Понудите треба да се достават во затворено плико: „По Оглас за Барање за понуда за адаптирање на Центар за ран детски развој во населба Рача”, со назнака „не отворај“, во архива на општина Охрид.

Подетални информации може да се најдат на овој линк. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest