dimitrovkocijasohrid2-639x360

Заврши средбата Димитров-Коѕијас, има напредок но сеуште постојат разлики

Охрид, 12. април 2018 (ИНПРЕС) – Заврши средбата меѓу шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас.

За дел од прашањата има напредок бидејќи се созреани, а за дел сеуште постојат разлики, изјави Димитров по работната средба.

dimitrovohrid

– Разговаравме без надмудрување, со големо разбирање за потребите на другиот и нашиот главен предизвик е како главните грижи на двете страни да ги составиме и да ја најдеме комбинацијата што ова ќе го обезбеди, потенцира Димитров.

Грчкиот шеф на дипломатијата Коѕијасистакна дека колку штоповеќе се доближуваат ставовите и се решаваат проблемите, остануваат се помалку за решвање. Но, остануваат оние најтешките.

kocijasohrid

– Ние забелажуваме напредок посебно оваа рамка на заедничка соработка и на тоа тешко прашање што се однесува на иредентизмот, рече Коѕијас.

dimitrovkocijasohrid

Ова беше трета официјална средба на двајцата министри. Тие најавија дека на почетокот на месец мај ќе се сретнат уште два пати. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest