12_04_2018_KOSEL_VAPILA_4

Се асфалтира патот Косел – Вапила

Охрид, 13. април 2018 (ИНПРЕС) – Деновиве  започнаа градежните активности за реконструкција на патот Косел – Вапила во должина од два километри и 200 метри.

Се поставува асфалт со дебелина од 6 сантиметри, а на почетокот на трасата кај селото Косел ќе бидат изградени и тротоари со цел побезбедно минување на пешаците.

12_04_2018_KOSEL_VAPILA_5

Изведувач на градежните активности е АД „Илинден“ од Струга. Проектот е  вреден 120 000 евра, пари што општина Охрид  ги обезбеди во соработка    со Светска Банка и Фондовите од  Европската Унија.

12_04_2018_KOSEL_VAPILA_3

Градежните активности за реконструкција на овој патен правец се очекува да завршат пред почетокот на летната туристичка сезона. (Крај)

извор/фото: Општина Охрид

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest