vmroohridlogo

ВМРО-ДПМНЕ: Реконструкцијата на патот Косел-Вапила е наш проект

Охрид, 13. април 2018 (ИНПРЕС) – Крајно време е Јован Стојаноски конечно да почне нешто да работи. Наместо да ги реализира своите големи ветувања кон граѓаните на Охрид тој се кити со туѓи перја, реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

– Јован Стојаноски и неговите соработници лажат и брутално манипулираат кога велат дека од претходната Локална Самоуправа не наследиле ниеден проект. Денешниот проект почеток-реконструкцијата на локалниот пат од селото Косел до селото Вапила кој гордо го промовираат е комплетно завршен и оставен на Стојаноски со потпишан договор за изведба во времето на минатата Локална Самоуправа предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Имено, тогашната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ успеа од Европската комисија во рамки на ИПА-фондот за рурални инвестиции за реконструкција и развој, преку Проектот за подобрување на општинските услуги МСИП да добие грант-средства преку кои овозможи општините во Република Македонија да ги користат за изградба на инфраструктура. Општина Охрид аплицираше на тој повик и доби средства за реконструкција на локалниот пат од Косел до Вапила. Повикот за понуди може да се види на следниот линк, а целата постапка околу избор на изведувач беше завршена непосредно пред оддржување на локалните избори, реагираат од партијата.

Додаваат дека Локалната самоуправа предводена од претходниот градоначалник со силна поддршка од Владата на ВМРО-ДПМНЕ, ги реконструира патните правци: село Вапила до село Ливоишта и од село Вапила до село Сирула.

– Со реконструкцијата на овој патен правец од село Косел до село Вапила практично завршена е комплетната реконструкција на оваа делница благодарение на политиките на ВМРО-ДПМНЕ. Оттука отворено го прашуваме Градоначалникот Стојаноски: Зошто ги остави цели шест месеци граѓаните на овој дел од Општина Охрид да чекаат да се асфалтира патот? Дали можеби чекаше да се подзаборави тоа кој го замислил и довел до сама реализација овој проект? Го повикуваме Стојаноски да престане со туристичките прошетки, да се врати во градот и да почне нешто да работи. Ќе биде интересна седницата на Совет во април кога Стојаноски треба да ги поднесе тримесечните извештаи за тоа што сработил. И во нив ќе се види тоа дека до сега сработил едно големо ништо и бесцелно го преседал мандатот, реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest