velosipedskatrka

Хуманитарно велосипедско возење во Охрид

Охрид, 14. април 2018 (ИНПРЕС) – Денеска во Охрид ќе се одржи Хуманитарно велосипедско возење за сите љубители на природата и здравите животни навики.

Настанот е во рамките на Програмата за промоција на хумани вредности – Црвен крст во акција (ПХВ-ЦКА), а го организира ПХВ тимот на млади при охридскиот Црвен крст.

– Тргнувањето е во 11:00 часот од платото пред Градското пристаниште во Охрид. Ќе се вози покрај езеро до „Горица 3“ (плажа „Немо“) и назад до Градското пристаниште. За сите учесници организаторот обезбеди соодветно освежување.

Велосипедското возење има и хуманитарен карактер, а со средствата кои ќе се соберат со купувањето на учесничкиот талон во вредност од 100 денари ќе се помогне на ученици од социјално-загрозени категории да одат на екскурзија низ Македонија со своите врсници од основните училишта, информираат организаторите. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest