podari-razmeni-kniga_640x360

Размена на книги во охридската библиотека

Охрид, 14. април 2018 (ИНПРЕС) – Во понеделник, во охридската библиотека ќе се реализира акцијата „Размена на книги“.

Негувањето на читачката култура како централно прашање ги обедини заложбите на НУ Библиотеката „Григор Прличев” од Охрид и Факултетот за странски јазици при Универзитетот ФОН.

– Идејата на овај настан е овозможување размена на идеи, препораки за нови наслови, стекнување со нова книга. Вистински празник за љубопитни книгољупци. Секој посетител носи со себе една или повеќе книги кои би сакал да ги подари, а во замена од сите останати донесени книги може да направи сопствен избор на ист број книги.

Настанот е со почеток во 12:00 часот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest