boeing_1_640x360

Русија ќе ја запре испораката на титаниум за „Боинг“

Москва, 14. април 2018 (ИНПРЕС) – Советот на Руската Федерација побара усвојување контрасанкции против САД во рамките на кои земјата ќе може да ја спречи испораката на титаниумски компоненти за авиогигантот „Боинг“, изјави шефот на одборот за буџет на Горниот дом од рускиот парламент, Сергеј Рјабукхин.

Тој за „РИА новости“ рекол дека титаниумот е меѓу металите со кои Русија ги снабдува САД. Тој метал е неопходен во технолошкиот циклус на производство во „Боинг“.

Руската компанија „ВСМПО-Ависма“ е најголемиот светски произведувач на титаниум. Рјабукхин додал дека Русија исто така би можела да забрани испорака и на ракетните мотори „РД-180“, што го користат НАСА и Пентагон.

– Овие ракетни мотори, покрај НАСА, веќе ги користи и Пентагон за своите сателити. Тоа значи дека САД ги користат овие ракетни мотори за лансирање на своите воени сателити, објаснил Рјабукхин. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest