GoranSugarevski

Сугаревски: Наскоро ќе биде објавен јавниот повик за финансирање нискобуџетни авиокомпании

Охрид, 15. април 2018 (ИНПРЕС) – Во скоро време ќе биде објавен јавниот повик за финансиска поддршка за нискобуџетни авиокомпании кои ќе понудат нови авио линии, истакна министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Воспоставувањето на авио линијата од Истанбул до Охрид е доказ дека Македонија е атрактивна за сите авио компании. Со јавниот повик ќе се овозможи македонските граѓани да летаат по ниски цени кон многу метрополи.

– Охридскиот аеродром ќе го промовираме како аеродром за нискобуџетни авио компании. Сакаме Охрид и овој аеродром дополнително да го ставиме во функција, да ги искористиме неговите капацитети и да овозможиме што повеќе туристи да ја посетат Македонија, рече Сугарески денес во Охрид, на свеченоста по повод пристигнувањето на првиот лет од Истанбул до Охрид на авиокомпанијата „Онур Ер“.

turcijaturisti

Бројките на превезени патници секој месец растат, па се очекува во следниот период тој тренд дополнително да се зголемува со мерките што ќе ги преземе Владата.

Од ТАВ Македонија очекуваат фрекфентна летна сезона на аеродоромот во Охрид. Покрај Истанбул, најавено е да има летови уште од три нови сезонски дестинации- Варшава, Талин и Ајндховен, покрај постоечките од Амстердам, Брисел, Тел Авив и Катовице.

Моментално на охридскиот аеродром има три редовни линии и тоа до Базел, Цирих и Лондон, кои сообраќаат преку цела година. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest