onurairhrid1

На охридскиот аеродром слета првиот авион од Истанбул на „Онур Ер“

Охрид, 15. април 2018 (ИНПРЕС) – Со лет на авиокомпанијата „Онур Ер“ од Истанбул денеска на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“ пристигна првата група од 180 турски туристи што организирано ќе летуваат на Охридско-струшката ривиера.

Станува збор за прв директен чартер лет од Истанбул што ќе се реализира во текот на престојната туристичка сезона, а авионите на „Онур Ер“ ќе сообраќаат еднаш седмично на дестинација Охрид, носејќи туристи од Турција што ќе летуваат тука преку аранжманите на турскиот тур-оператор „Татилбудур“. Првите гости на охридскиот аеродром за сезоната 2018 ги пречека министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, посакувајќи им пријатен престој во Македонија. Според него, директната авионска линија до Истанбул е чекор во насока на дополнително унапредување и зајакнување на врските со турскиот народ.

Image may contain: 6 people, people smiling, suit

– Туристичкото и културното богатство на Охрид и Македонија се дополнителен мотив што поголем број туристи да дојдат тука и да се запознаат со нашата традиција, рече Сугарески.

Владата, додаде тој, е максимално посветена на унапредување на авиосообраќајот во земјата и регионот, а воспоставувањето на авионската линија со Истанбул е потврда за атрактивноста на Македонија за авионските компании.

Image may contain: airplane, sky and outdoor

– Сакам да најавам дека во најскоро време ќе го објавиме јавниот повик за финансиска поддршка на нискобуџетни авиокомпании кои ќе понудат нови авиолинии, со што ќе овозможиме македонските граѓани да летаат по ниски цени кон многу метрополи, а охридскиот аеродром дополнително да го ставиме во функција, да ги искористиме неговите капацитети и да овозможиме што повеќе туристи да ја посетат Македонија, рече Сугарески.

Генералниот директор на „ТАВ Македонија“ Алпер Ерсој појасни дека оваа сезона преку 23-те предвидени летови на „Онур Ер“ заклучно со 21 октомври во Охрид ќе допатуваат повеќе од 4.500 патници од Турција, што значително ќе придонесе за зголемување на вкупниот број турски туристи во Охрид и Македонија.

Image may contain: 7 people, people smiling, sky and outdoor

turistiistanbul3

Меѓу 180-те патници покрај туристи имаше и бизнисмени и новинарски екипи од Турција. Туристите не го криеја воодушевувањето од пречекот.

– Првпат доаѓам во Македонија, многу сме среќни многу убав пречек, ова беше неочекувано за нас.
– Знам дека Охрид е познато туристичко место во Македонија. Една недела ќе се одмараме тука и знаеме дека ова е прекрасно место.

turistiistanbul
– Во Македонија доаѓам втор пат. Моите се преселени во Турција, а се по потекло од Кичево. Јас се чувствувам како да сум дојдена во својата татковина тука. Се надевам дека ова ќе продолжи вака, многу сме среќни, прекрасен пречек.

turistiistanbul2

Авионските билети за летовите на „Онур Ер“ од Истанбул за Охрид покрај за аранжманите на „Татилбудур“ ќе бидат понудени и во слободна продажба. Од авиокомпанијата најавија дека бројот летови може да биде зголемен и на неколку пати седмично и со продолжување на сезоната доколку постои интерес на пазарот. Засега за Охрид има директни авионски линии од Базел, Цирих и Лондон што сообраќаат преку целата година. За престојната сезона покрај Истанбул најавени се летови од Варшава, Талин и Ајндховен, покрај постојните од Амстердам, Брисел, Тел Авив и Катовице, како и веќе договорената редовна линија од Виена.

Image may contain: 1 person, smiling, sitting

Турските гости се значаен сегмент во вкупниот број странски туристи кои престојувале во Македонија. Минатата година Македонија ја посетиле 129.708 турски туристи што е зголемување за 22,7 проценти споредбено со 2016.

Во првите три месеци на тековната 2018 година преку македонските аеродроми во Скопје и Охрид патувале 448.729 патници, што е пораст од 22 % споредено со минатата година. Во истиот период се реализирани 4.018 летови или 19 отсто повеќе отколку во првото тромесечие лани. (Крај)

извор: МИА/ИнПрес фото: Аеродром Охрид/ИнПрес

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest