crvenkrstopsta

Хуманитарно собирна акција „Вашиот прилог – значајна помош“

Охрид, 16. април 2018 (ИНПРЕС) – Како дел од активностите за одбележување на Неделата на солидарност, од 16-ти до 22-ри април, охридскиот Црвен крст организира хуманитарно собирна акција „Вашиот прилог – значајна помош“.

– Целта е да се подигне нивото на свест на населението за потребната помош и поддршка на ранливото население. Во рамките на акцијата ќе се обезбеди помош во храна, облека, обувки, средства за хигиена, постелнина, детски играчки и парични средства, наменети за социјално загрозените лица, старите лица и лицата со посебни способности од Охрид и Дебрца, апелираат од Црвен крст Охрид и ги повикуваат охриѓани, фирмите и институциите да ја покажат својата солидарност и хуманост и масовно се вклучат во акцијата.

Материјалните добра ќе може да се донираат во просториите на Црвен крст – Охрид на улицата „Димитар Влахов“ број 52, во текот на сите денови (и сабота и недела) на траењето на акцијата, во терминот од 08:00 до 15:00 часот, како и на собирните пунктови за прехрамбени производи во маркетите во Охрид.

– Сите хумани граѓани ќе можат да донираат доброволни прилози и кај мобилните тимови, составени од волонтери, обележени со обележја на Црвен крст – Охрид, кои ќе бидат на повеќе јавни пунктови низ градот, но и преку акцијата „Од куќа до куќа“. Парични средства ќе може да се донираат и на жиро сметката на охридскиот Црвен крст со назнака за „Недела на солидарност“, додаваат од Црвен крст од Охрид. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest