ambrosiaerbil-639x360

„One more life” прва заедничка песна на охриѓаните Ербил Џемоски и Горан Папаз (Видео)

Охрид, 16. април 2018 (ИНПРЕС) – Познатиот диџеј и продуцент Ербил Џемоски и саксофонистот Горан Папаз после успешните настапи низ Македонија ја пробуваат среќата и со авторска музика.

„One More Life” е прва заедничка нумера на Dj Erbil и Папаз. Песната е издадена од страна на турската музичка продукција Road Story Records. Се работи за песна во deep house стил и набрзо песната ќе може да се слушне и по македонските радио станици.

За истата е изработен и видео запис од страна на продукциската куќа кој ќе може да го погледнете на официјалниот Youtube канал на Road Story Records и на повеќе балкански телевизии.

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest