Missing image

Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди и температура до 18. степени

Охрид, 17. април 2018 (ИНПРЕС) – Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и локален дожд, на места пороен и проследен со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 18. степени.

– До четврток времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со локални врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и проследени со ретки грмежи. Од петок ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: Метео фото: ИнПрес