tanec-640x360

Вечерва концерт на Ансамблот „Танец“ во Охрид

Охрид, 17. април 2018 (ИНПРЕС) – Вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи концерт на Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец“.

Ансамблот „Танец“ претставува симбол на македонскиот фолклор, традиција и култура веќе шест децении, културен амбасадор кој несебично ја презентира и споделува богатата македонска традиција во земјата и во светот. Со своите уникатни носии со кои настапува, Ансамблот претставува вистински подвижен историски музеј на македонското материјално и нематеријално културно наследство, кое е длабоко врежано во потсвеста на секој Македонец.

На програмата се повеќе дела од богатото македонско фолклорно наследство: „Невестинско“, „Чифте чамче“, „Лазаренки“, „Осоговка“ и многу други.

Концертот ќе се одржи во големата сала при Центарот со почеток во 20:00 часот. Влезниците се по цена од 150 денари. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest