Во Охрид денес променливо облачно време со температура до 20. степени

Охрид, 19. април 2018 (ИНПРЕС) – Времето денес ќе биде променливо облачно, со повремен дожд и ретки грмежи. Попладне ќе дува умерен ветер од северен правец.

Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 20. степени.

– До петок времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови ќе има повремен локален дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува претежно умерен северен ветер, кој во петок во северните делови и вдолж Повардарието повремено ќе се засилува. За време на викендот времето ќе биде претежно стабилно со пораст на дневните температури, информираат од УХМР Македонија. (Крај)

извор: Метео фото: ИнПрес