Levski1

Голем инцидент во Софија, навивачи на Левски фрлија бомба врз полицијата (видео)

Софија, 19. април 2018 (ИНПРЕС) – Инцидент се случи на дербито од бугарската лига меѓу Левски и ЦСКА Софија кое се играше на стадионот „Васил Левски“.

Домашните навивачи фрлиле бомба во тунелот од кој излегуваат фудбалерите, каде имало полицајци. Бомбата паднала на стаклото кое се распрснало, едно парче летнало во окото на полицајка која веднаш била префрлена во болница.

Levski2

Levski3

Доколку не било стаклото и бомбата директно паднала кон полицијата, последиците ќе биле катастрофални.

Полицијата веднаш успеала да приведе околу дваесетина лица, а од клубот ја стопираа продажбата на билети за домашните натпревари.

извор: Мкд.мк фото: БГ

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest