Missing image

Зимска пауза во Премиер лигата од 2020 година

Лондон, 19. април 2018 (ИНПРЕС) – Плановите за воведување 14-дневна пауза во Премиер лигата би можеле да бидат претставени по завршувањето на сезоната, објавија британските медиуми. Би-би-си пишува дека зимската пауза во Премиер лигата би можела да биде водедена на почетокот на 2020 година.

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) го разгледала и овој предлог кога претходно било договрено натпреварите од петтата рунда во ФА-купот да се играат во текот на работната недела и да нема реванш доколку нема победник.

Реванш-дуелите во ФА-купот ќе останат во третото и четвртото коло.

ФА долго време ја пласира идејата за зимска пауза, каква што постои во цела Европа. Во владејачкото тело на англискиот фудбал се убедени дека играчите се истрошени од напорниот ритам поради што се преморени за натпреварите во европските купови. (Крај)

извор: Макфакс фото: Премиерлига