ministermancevskiohrid

Манчевски: Започнува дигитализацијата на администрацијата

Скопје, 20. април 2018 (ИНПРЕС) – Промени на законите за поголема понуда на електронските услуги за граѓаните од страна на македонската администрација, а како основа за тоа е електронскиот регистар на населението.

Ова беше тема на денешната трибина за е-Влада на која присуствуваше министерот за администрација и информатичко опшество Дамјан Манчевски.

Манчевски уште на Дигиталниот самит, што се одржа во Скопје, најави целосна дигитализација на институциите со што граѓаните ќе можат да добијат услуги преку електронски пат. Како почеток на оваа дигитализација е Регистар на населението, за кој министерот нагласи дека не е поврзан со пописот, но Билјана Бејкова од НВО Инфоцентар најави дека можеби во иднина некој друг попис ќе биде спроведен целосно со помош на електронските регистри на населението и воопшто ќе нема потреба од теренска работа.

Ваквите сервиси, вели министерот, ќе обезбедат поевтини и поефикански услуги за граѓаните.

– Во законот предлагаме и комерцијалните претпријатија да се поврзат со регистарот и да можат да и нудат услуги на граѓаните, секако, според одредени законски регулативи – рече Манчевски.

Сега за сега, се разгледуваат кои основни информации за граѓаните ќе влезат во регистарот а за сега размислуваат за 17 податоци како што се датумот на раѓање, место на живеење, име и презиме и слично. (Крај)

извор: Слободен печат фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest