zenamisevikaboris

Претставата „Жена ми се вика Борис“ утревечер во Охрид

Охрид, 20. април 2018 (ИНПРЕС) – Театар Комедија од Скопје утревечер гостува во Охрид со претставата „Жена ми се вика Борис“, во режија на Синиша Евтимов, по текст на Рафи Шарт.

Во претставата играат: Сашо Ристовски, Роберт Ристов, Мирјана Поповска – Ристов, Александар Михајловски, Жаклина Петровска, Столе Мицов и Ева Скендеровска. Сценографијата е на Орхан Ќамилов, а костимите се дело на Александар Ношпал.

Комедијата „Жена ми се вика Борис“, со оригинален назив „Жена ми се вика Морис“ доживува и филмска верзија и тоа со забележителен успех. Инаку овој современ текст ги ревидира моралните кодекси на однесување, во еден наш, локализиран простор и менталитет. Основните теми во оваа комедија се проблемите на обичниот човек, емоциите, прељубата, лагите, интригите, либидото кои се се вонвременски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest