hristouzunov

Ќе се одбележат 140 години од раѓањето и 113 години од погибијата на Христо Узунов

Охрид, 20. април 2018 (ИНПРЕС) – Со повеќе свечености, општина Охрид, ОУ „Христо Узунов“ и НУ Завод и Музеј Охрид ќе одбележат 140 години од раѓањето и 113 години од херојската погибија на војводата Христо Узунов.

Утре од 17:00 часот ќе се одржи  Интернационален младински фолклорен фестивал во чест на Узунов. Локацијата е на просторот кај ТЦ Амам, наспроти Поштата.

Во понеделник од 10:00 часот ќе биде положено свежо цвеќе пред спомен – обележјето во ОУ „Христо Узунов“, а од 11:00 часот во големата сала на општината ќе биде прикажан документарен видео – запис од режисерот Илија Пиперкоски, по што ќе следи историски час посветен на животот и делото на Христо Узунов, на кој ќе говори проф. д-р Павле Митрески, а предвидена е и културно – уметничка програма.

Во вторник ќе биде положено цвеќе пред спомен – обележјето на Христо Узунов во градскиот парк, по што во селото Цер,кичевско, ќе се одржи панихида на гробот на војводата.

Со повеќе активности и ОУ „Христо Узунов“ се подготвува за одбележување на својот патронен празник. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest