kiriljosifoski

Јосифоски: Одлуката да се гради депонија е штетна, не само за општината, туку и за целиот охридски регион

Охрид, 20. април 2018 (ИНПРЕС) – Нашите аргументи, да не се гради депонија во Дебрца се непобитни и тие покажуваат дека таквата одлука на Владата е катастрофално погрешна и штетна, не само за општината, туку и за целиот охридски регион, но и пошироко.

– На референдумот 87% од населението од општина Дебрца гласаше против изградбата на таков овјект. Имаме огромна поддршка од целокупното население за протестот во недела, изјави во интервју за емисијата „Радио Корнер“ на Супер радио Кирил Јосифоски, член на Координативниот одбор на општина Дебарца формиран со цел да се спречи изградбата на регионална депонија за југоисточниот регион во селото Годивје.

Супер радио: Анализата и студијата изработена за Министерството за животна средина и просторно планирање посочи дека според сите параметри, општина Дебрца е најпогодно место за создавање на самоодржлив систем за управување со отпадот од Југозападниот регион на Република Македонија. Вие велите дека тоа не смее да се случи. Какви се Вашите аргументи против одлуката на Владата за изградбата на регионална депонија во општина Дебрца, во селото Годивје?

Јосифоски: Нашите главни аргументи се класифицирани во три столба. Првиот и вториот аргумент се од еколошки карактер, односно треба да се земе во предвид фактот што Дебрца е најголем басен на питка вода во Европа и тоа што Дебрца е во сливното подрачје на Охридското Езеро, кое е под зашита на УНЕСКО. Третиот аргумент е тоа што Дебрца е најсветла страница во македонската историја, да бидам поконкретен, тука е формирана македонската држава. Доколку се изгради предвидената депонијата би следела еколошка катасторфа, но треба да се земе во предвид и фактот што има седум вредни ахеолошки наоѓалишта кои се откриени на местото на предвидената депонија и во нејзина најблиска околина. Треба да се земе во предвид и  протерување на земјоделското население од оваа област кое неминовно би следело потоа. Ова се само најважните аргументи, но секако има уште и тие не смеат да бидат игнорирани. Ние од Координативниот одбор формиран со цел спречување на изградба на регионална депонија во општина дебрца сме уверени дека експертите кои ја правеле таа студија не зеле во предвид ниеден од овие аргументи.

Супер радио: Вашите аргументи ги имате ли официјално испратено до надлежните институции, до ресорните Министерства или до Владата на Република Македонија?

Јосифоски: Аргументите кои се непобитни и кои цврсто покажуваат дека таквата одлука на Владата е катастрофално погрешна и штетна, не само за општината, туку и за целиот охридски регион, но и пошироко, ние ги публикувавме во печатена форма у уште во јули минатата година ги доставивме до сите релевнатни институции и до премиерот Зоран Заев. За жал, до сега немаме никаква реакција од нивна страна. Наши аргументи ги туркаме единствено преку медиумите кои ни даваат простор да ја искажеме нашата загриженост од можноста во Дебрца да се направи регионална депонија која би колектирала отпад од цел Југозападен регион. Затоа и го организираме протестот во недела, за да го свртеме вниманието на јавноста кон ова многу важно прашање.

Супер радио: Минатата година, паралелно со изборите, се одржа и референдум по ова прашање. Ја имате ли поддршката на месното население?

Јосифоски: На референдумот 87% од населението од општина Дебрца гласаше против изградбата на таков овјект. Имаме огромна поддршка од целокупното население за протестот во недела. Со поддршка се јавија и политички партии, патриотски здруженија, ние бевме јасни во нашите ставови дека сите можат да дадат поддршка, но на протестот не смеат да се мешаат политички мотиви. Исто така разговаравме и со претставници на црквата и од таму добивме поддршка.

Image may contain: 1 person, smiling, sitting and indoor

Супер радио: Протестот е закажан за недела 22-ри април, на симболичен датум, на Денот на планетата Земја, во уште посимболично време во 11:55. За да добиете помасовна поддршка имате ли организиран превоз од Охрид?

Јосифоски: Да симболично е времето одбрано за почеток на протестот кој ќе започне со 15 минутно биење на камбаните во сите села од Дебрца. За поголема масовност на протсетот имаме организран превоз од Охрид, за да можат да бидат со нас сите кои што сметаат дека во Дебрца не смее да се гради предвидената депонија. На протестот ќе ги презентираме пред сите нашите аргументи  кои ги регионална депонија. Автобусите тргнуваат во 10:00 часот од три локации, од пред Медицинскиот центар во Охрид, потоа застанува кај охридската гимназија и на крај ќе застане кај „Тамаро 5“ маркетот, по што ќе се упати кон Ботун.

Супер радио: На кој начин ќе го изразите Вашиот револт за стопирање на одлуката на Владата за изградба на регионална депонија во Дебрца?

Јосифоски: Револтот ќе го изразиме со тоа што во недела на 22-ри април од 11:55 до 13:55 часот ќе го блокираме магистралниот пат Кичево-Охрид во двата правци. Ние навистина не сакаме да предизвикуваме проблем на луѓето кои во тој момент ќе се движат на патот, но тоа е начин да го свртиме вниманието на целокупната македонска јавност и да презентираме што се значи Дебрца не само за охридскиот регион, туку за цела држава.

bistrocorner1

Емисијата „Радио Корнер“ се емитува секој работен ден од 12:00 до 14:00 во живо од Бистро „Корнер“. Водител е Александра Алексијевска. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest