Kike Florez

Еспањол го отпушти Кике Санчез Флорес

Барселона, 22. април 2018 (ИНПРЕС) – Кике Санчез Флорес по речиси две години ја заврши својата епизода во Еспањол, откако во финишот на сезоната раководството му врачи отказ.

Санчез Флорес, во Еспањол пристигна во 2016 година од Вотфорд. Првата сезона беше одлична и за него и за клубот. Еспањол минатата сезона ја заврши на осмата позиција во Ла Лига, меѓутоа во тековната тимот е далеку од врвот.

Иако, во јануари, Еспањол го победи Реал Мадрид и успеа да одигра нерешено со Барселона, резултатите не се добри и клубот од „Корнељо-Ел Прат“ се наоѓа во долниот дел од табелата.

Еспањол има катастрофална низа на резултати, а на последните пет натпревари играчите на овој клуб не постигнле ниту еден гол. Еспањол се наоѓа на 16.место на табелата, поради што челниците решиле да ја прекинат соработката со Санчез Флорес.

До крајот на сезоната Еспањол ќе го предводи тренерот на резервите Давид Гаљего. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest