Скопје, 29. септември 2014 (ИНПРЕС) – На 4-ти октомври во Скопје ќе гостува холандскиот дј и продуцент Orlando Voorn.
Orlando Voorn важи за еден од првите европски дј-и кој направил витална поврзаност меѓу електронската сцена во Амстердам и Детроит. Го сметаат за еден од најинвентивните холандски продуценти.
На електронската сцена е од 12 години. Во текот на досегашната кариера реализирал соработки со големи музички имиња, како Derrick May и Blake Baxter.
Домашна поддршка за настанот ќе биде Томи Бојаџи. (Крај)
извор: Инпрес фото: архива