Missing image

ЛШ: Кил е првата пречка на Вардар на патот кон Келн

Кил, 22. април 2018 (ИНПРЕС) – Ракометарите на Вардар ги очекува еден од најважните периоди сезонава. Денеска црвено-црните ќе го одиграат првиот меч од четвртфиналето во Лигата на шампионите против германскиот Кил.

Откако го освоија првото место во својата група, а со тоа се изборија и за директен пласман во четвртфиналето, ракометарите на Вардар сега се пред двомечот со Кил преку кој ќе се брка нов настап на завршниот Ф4 турнир во Келн.

Екипата на Кил не е нималку наивен противник. Сепак станува збор за трикратен  освојувач на Лигата на шампионите, тим во кој има неколкумина искусни интернационалци.Досега Вардар и Кил одиграа само два меча и тоа во групната фаза во сезоната 2009/2010 во кои  германскиот тим се радуваше на две победи и тоа на домашен терен со 16 гола разлика (39-23), а подоцна ја освои и шампионската титула.

Доколку избраниците на Гонзалез одиграат на нивото на кое го одиграат завршниот турнир во СЕХА конкуренцијата, тогаш може да се надеваат и на позитивен резултат пред реванш дуелот во Скопје.

Но, и минатата година германска екипа беше противник на Вардар во четвртфиналето, а тогаш црвено-црните во двата меча го победија Фленсбург, а потоа во Келн стигнаа и до титулата.

Денешниот меч меѓу Кил и Вардар ќе стартува во терминот од 17 часот, а возвратниот во Скопје ќе се игра седум дена подоцна. (Крај)

извор: Сител фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest