BariceloSumaher

Баричело сакал да го посети Шумахер, но добил негативен одговор

Гланд, 22. април 2018 (ИНПРЕС) – Баричело открива дека разговарал со семејството на Шумахер, посакал да го посети својот поранешен колега, но не добил шанса да го направи тоа.

„Сакав да го посетам, но тие ми рекоа дека и за двајцата подобро е посетата да не се случи“, вели Баричело.Баричело и Шумахер пет години беа клупски колеги во Ферари од 2000 до 2005 година.

Шумахер настрада во несреќа при скијање на француските Алпи, на 29 декември 2013. Од тој момент освен најблиското семејство и докторите друг речиси и да не може да го види легендарниот германски возач. (Крај)

извор: Мкд.мк фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest