Missing image

Во Грција се проверуваат банкарските депозити над 100.000 евра

Атина, 5. август 2014 (ИНПРЕС) – Грчките власти почнаа проверки на сите банкарски депозити, кои надминуваат 100 000 евра, пишува весникот „Вима”.

Се очекува да бидат проверени над 1,2 милиони банкарски сметки, откриени пред и за време на кризата од 2000 до 2012 година. Подоцна под лупа ќе бидат разгледани и депозити над 300 000 евра.

Првите проверки покажаа фрапантни случаи на банкарски влогови. Властите откриле дека градежен претприемач има на сметката 280 милиони евра, а пријавува приход од 72 000 евра. (Крај)

извор: Вима фото: архива