nasilstvo1-640x358

Кривична пријава за охриѓанец поради „семејно насилство“

Охрид, 3. мај 2018 (ИНПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторенo казнено дело „загрозување на сигурноста“, СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 34-годишниот Г.Т. од Охрид.

–  Казненото дело тој го сторил на 16-ти минатиот месец во 20:30 часот во семејниот дом во Охрид со вербална расправија со неговата сопруга. Притоа, сега пријавениот и упатил сериозни закани и навредливи зборови по што започнал да ја влече и заедно со малолетните деца да ја брка од станот, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest