policija6-640x360

Кривична за скопјанец кој им се заканувал на полицајци во Струга

Струга, 4. мај 2018 (ИНПРЕС) – Надворешната канцеларија од Струга поднесе кривична пријава против 22-годишниот И.Н. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење на службени дејствија“.

– На трети овој месец во Струга, на улицата „Пролетерски Бригади“, при преглед и сообраќајна контрола на возило, во сопственост и управувано од пријавениот, истиот одбил да го прими издадениот налог и им упатувал закани по животот на двајца полициски службеници, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest