Во охридската библиотека постхумно претставување на дел од творештвото на Елена Карамешиноска Ангелоска

Охрид, 6. мај 2018 (ИНПРЕС) – Во вторник, 8-ми мај во охридската библиотека ќе биде претставено дел од творештвото на Елена Карамешиноска Ангелоска, по повод една година од нејзината смрт.

Роднокрајна авторка која зад себе остави бројни дела, меѓу кои три наслови наменети за најмладите читатели, кои претставуваат нејзин придонес  во рамките на македонската литература за деца и млади. На самиот настан на присутната публика ќе и бидат поделени книги од нејзиното творештво – подарок од нејзиното семејство, чии претставници ќе бидат присутни.

Настанот е со почеток во 12:00 часот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива