soobrajkajka

Возило од Охрид учествуваше во сообраќајка кај Крушје, загинаа четири лица

Охрид, 6. мај 2018 (ИНПРЕС) – Четири лица го загубија животот во тешката сообраќајна несреќа што се случила попладнево околу 17:00 часот на патот Ресен-Охрид, во близина на селото Крушје.

Порталот Апла.мк информира дека во сообраќајната несреќа учествувале три возила, Мерцедес, Ауди и БМВ. Од нив две биле со битолски, а едно со охридски регистерски таблички.

Од полицијата за порталот ја потврдиле информацијата, но, не соопштиле повеќе детали. (Крај)

извор: апла.мк фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest