soobrajkajka

Нема охриѓани меѓу загинатите во синоќешната сообраќајна несреќа кај Крушје

Охрид, 7. мај 2018 (ИНПРЕС) – Четири лица настрадаа во големата сообраќајна незгода која вчера, околу 16:30 часот се случи во близина на селото Крушје на патот Охрид-Ресен.

Во сообраќајната несреќа учествувале три возила, Мерцедес и Ауди со битолски и БМВ со охридски регистерски таблички.

Неофицијално во автомобилот Мерцедес со битолски таблички загинале сопружниците М.Р. (65) и М.Р. (67) од Битола, а во возилото марка Ауди настрадале Ц.С. (53) и Д.С. (59) од битолското село Трновци, Могила. Во овие две возила немало други патници.

Во незапамтената сообраќајна незгода која се случи на овој патен правец, учествувало и возило марка БМВ со охридски таблички. До овој момент нема потврдeни информации за состојбата за лицата кои биле во ова возило, но се потврдува дека во истото нема настрадани лица.

Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата, а истрагата треба да покаже кои се причините за оваа тешка сообраќајка. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest