anitamicovaedenden

Анита Мицова сними видео за „Еден ден“ (Видео)

Охрид, 7. мај 2018  (ИНПРЕС) – Македонската поп пејачка Анита Мицова деновиве сними видео приказна за нејзината најнова песна „Еден ден“.

– „Еден ден“ е нумера која се наоѓа на албумот „Ти сум јас“ и е 7-ми видео запис, а прв во 2018-та година. Станува збор за дело на Весна Малинова Бабамова и Кирил Бабамов, а како кларинетист се јавува Здравко Ангелов. Видеото е снимено во Домот на култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, вели Мицова.

Анита Мицова беше дел и од Талент шоуто OhridSUPERSTAR, кое се одржа воо организација на Супер радио. Во шоуто таа работеше и им беше ментор на дел од младите пејачи кои се пријавија на првото издание на ова шоу. За нејзините размислувања за музиката, но и многу повеќе интересни информации за Анита ОВДЕ. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest