Попладне слетуваат првите холанѓани со чартер летот на Корендон

Охрид, 8. мај 2018 (ИНПРЕС) – Денеска во Охрид слетуваат првите холандски туристи со чартер летот на туроператорот Корендон.

Според податоците на ТАВ Македонија, холанѓаните ќе слетаат на охридскиот аеродером после 19:00 часот.
Најавено е чартер летовите на релацијата Амстердам-Охрид-Амстердам да траат до 16-ти октомври.

Во почетокот ќе оперира два пати неделно, во вторник и петок, а во текот на летните месеци јули и август, доколку има побарувачка ќе биде воведен уште еден лет. Се очекува оваа сезона само со туроператорот Корендон на охридската ривиера да дојдат над 10 000 холанѓани.

Од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија и ТА „Фибула“ потсетуваат дека лани Македонија ја посетија 26.889 холандски туристи со остварени 141.675 ноќевања, со што се во првите десет туристички пазари во нашата земја. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива