eye-cue-eurovision-640x360

Вечерва почнува Евровизија, Македонија настапува 11-та

Лисабон, 8. мај 2018 (ИНПРЕС) – Вечерва во „Алтис“ арената во Лисабон започнува 63-то издание на популарното музичко шоу Евровизија.

Годинава 43 песни се во трка да го добијат епитетот најдобра во Европа. Вечерва е првата полуфинална вечер во која настапуваат и нашите претставници Eye Cue со песната „Lost and found“ под реден број 11.

Синоќа се одржа евровизиската генерална проба, каде учесниците се претставија пред жирито. Учесниците беа со комплетен стајлинг како што ќе ги видиме вечерва од 21:00 часот.

Марија, вокалистот на групата Eye Cue на настапот ќе носи модел на охридски Rumor, односно Алек Бимбилоски.
Наши ривали ќе бидат претставниците на Исланд, Албанија, Белгија,Чешка, Бугарија, Хрватска, Грција, Кипар, Швајцарија, Австрија, Финска и Израел, кој важи за најголем фаворит  а го претставува популарната Нета со песната „Играчка”.

Второто полуфинале е задутре кога ќе настапат 18 земји: Норвешка, Романија, Србија, Сан Марино, Данска, Русија, Молдавија, Холандија, Австралија, Грузија, Полска, Малта, Унгарија, Летонија, Шведска, Црна Гора, Словенија и Украина.

На финалето во сабота, на 12-ти мај, ќе се натпреваруваат 20 земји избрани во двете полуфиналиња и уште шест земји – домаќинот Португалија и големата петорка: Франција, Германија, Италија, Шпанија и Обединетото Кралство. (Крај)

извор: ИнПрес фото: Instagram EyeCue

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest