Missing image

Во четврток концерт на Дамјан Пејчиновски во Охрид

Охрид, 5. август 2014 (ИНПРЕС) – Во чеврток, 7-ми август, во клубот Jazz Inn на задоволство на охридската публика, но посетителите од другите градови, виртуозниот гитарист Дамјан Пејчиноски ќе одржи концерт.

Неодамна тој исто така имаше концерт во Jazz Inn, а во пресрет на овој викенд повторно ќе приреди музичко уживање за посетителите. Пејчиноски ќе настапи со неговиот колега на бас гитара, Горан Гешоски.

Концертот е со почеток во 22 : 00 часот, а влезот е 100 денари. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива