Missing image

СИТЕ ВО ОХРИД: Масимо Савиќ на 14-ти јули на Антички за официјален старт на сезоната

Охрид, 8. мај 2018 (ИНПРЕС) – Со концерт на Масимо Савиќ на 14-ти јули на Антички театар, оваа година ќе биде прогласен официјалниот старт на туристичката сезона во Охрид.

– Пред да имаме можност да уживаме во настапот на најдобриот италијански пејач на светот Zucchero во Охрид на 25-ти јули на Античкиот театар, на отворањето на туристичката сезона ќе имаме задоволство да го видиме и сигурно најсупериорниот вокал на Балканот во моментов, маестралниот Масимо. Се разбира, за неговиот неповторлив перформанс да може да се доживее како што треба, локацијата ќе биде Антички театар – совршеното место за ваков тип на концерти, на 14-ти јули. Масимо доаѓа за прв пат во Охрид, за прв пат на open air во Македонија, и се разбира дека ќе биде огромно задоволство за сите нас во Охрид да ги слушнеме следние песни: „Dodirni me slucajno“, „Stranac u noci“, „Iz jednog pogleda“, „Zagrli me“, „Krug u zitu”, „Sjaj u tami”, порачуваат организаторите од Авалон продукција.

Image may contain: 1 person, text

Додаваат дека концертот на Масимо во Охрид, покрај од нивните традиционални спонзори за оваа година, ќе биде помогнат и со покровителство на општина Охрид, како и сите останати проекти што ќе ги работиме таму оваа година. (Крај)

извор: Авалон продукција фото: архива