opstinaohridsologo

Охрид ќе добие советничка канцеларија

Охрид, 10. мај 2018 (ИНПРЕС) – Од наредната недела советниците при Советот на општина Охрид ќе започнат со дежурства со цел да им излезат во пресрет на барањата на охриѓани за побрзо решавање на проблемите од општествената сфера.

Советничката канцеларија во општинската зграда за охриѓани ќе биде отворена во два работни дена од неделата, вторник и четврток, во периодот од 11:00 до 15:00 часот. Во деновите за прием на странки ќе дежураат по еден советник од власта и опозицијата. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest